Ди Лоренцо за поразот од Норвешка: Добивме добра лекција пред баражите

Италијанската репрезентација повторно преку баражот ќе мора да го бара своето место на идното Светско првенство. Италијанците вчера беа поразени со 1-4 од Норвешка на домашен терен. За првото место им беа потребни неверојатни 9-0 против Норвежаните.

Меѓутоа не само што не успеаја, туку доживеа вистинска катастрофа на „Сан Сиро“ на последниот меч од квалификациите, и сега ќе мора одново во баражот. За потсетување дека Италија не учествуваше на последните две Светски првенства во Русија и во Катар. На патот до Катар беа елиминирани од Македонија во полуфиналето во баражот, кога во Палермо македонската селекција славеше со 0-1.

Фудбалерот Џовани ди Лоренцо изјави дека „аѕурите“ добиле сериозна лекција пред баражите.

„Лекцијата која ја научивме од овој пораз мора да ни биде корисна за баражите. Знаевме дека Норвежаните се силни, но сега ќе мораме да се подготвиме за следната фаза. Нашиот тим играше со карактер во последните три месеци, а не знам што се случи сега на овој последен натпревар“, изјави Гатузо.

Се вчитува...