Анхел Ди Марија помина неславно во последното коло на Серија А, откако Аргентинецот направи глупост и го остави Јувентус на цедило на гостувањето во Монца.
По ваквиот расплет на настаните, „старата дама“ запиша нов пораз. По натпреварот, преку социјалните мрежи аргентинскиот фудбалер се обрати на фановите, се извини и ја прифати вината за овој неуспех.
„Сакам да им се извинам на сите за мојата несоодветна реакција на теренот со Монца. Го оставив тимот на цедило, со човек помалку во незгоден момент на шампионатот и тоа не чинеше пораз. Го прифаќам овој загубен натпревар како мој. Професионалец сум, меѓутоа исто така и човек кој греши, а знам кога треба да си ги признаам грешките“, напиша Аргентинецот.
Јувентус котира лошо од стартот на сезоната, иако ова му беше прв пораз во Серија А, претходно имаше само две победи и четири реми исходи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА