Аргентинскиот интернационалец Анхел Ди Марија е незадоволен од својот статус во редовите на Пари Сен Жермен. Тој остана на клупата за резерви на последниот меч против Рен на гости (1-4) и јавно го изрази своето незадоволство.
„Тренерот е тој што одлучува, но и фудбалерите имаат право да го кажат своето мислење. Јас мислам дека заслужувам да добивам многу поголема минутажа, а секогаш кога сум на теренот давам се од себе во дресот на Пари Сен Жермен“, истакна Ди Марија.
Аргентинецот веќе од поодамна е на излезна врата од „Паркот на принцовите“ и се споменува како ново засилување на Интер во зимскиот преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА