Јувентус ќе биде сериозно ослабен за утрешното гостување против ПСЖ откако Анхел ди Марија ја загуби трката со времето за настап на дуелот на „Паркот на принцовите“.
Ди Марија влече незгодна повреда, Алегри ризикуваше со него на последниот калчолигашки дуел со Фиорентина, по што Аргентинецот повторно се пожалил на болка во повредениот мускул што го мачи подолго време. Тој утрово се обиде да тренира во Торино, но откако не успеа да го заврши тренингот Ди Марија и дефинитивно отпадна од листата на патници за Париз, со што пропадна шансата за негов експресен камбек на „Паркот на принцовите“ по летниот трансфер од ПСЖ во Јувентус.
Алегри има сериозни проблеми во пресрет на овој натпревар ако се знае дека покрај Ди Марија во тимот ќе ги нема ниту Пол Погба и првиот голман Шчесни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

