Иконата на аргентинскиот и светскиот фудбал, Анхел ди Марија продолжува да импресионира дури и во доцните фудбалски години.
Се играше 24. минута од дуелот помеѓу Росарио Централ на Ди Марија и Бока Јуниорс, кога за домаќините беше досуден корнер. Гостите поведоа само четири минути претходно, а целиот стадион со нетрпение чекаше употреблив центаршут од нивниот миленик.
Сепак, поранешниот играч на Реал Мадрид, Пари Сен Жермен и на Манчестер Јунајтед, ги изненади сите и го матираше противничкиот голма со гол од корнер.
¡¡¡GOLAZO OLÍMPICO DE FIDEO DI MARÍA PARA EL 1-1 DE ROSARIO CENTRAL ANTE BOCA!!! pic.twitter.com/DDWGnuSt9W
— SportsCenter (@SC_ESPN) September 14, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

