Ди Марија: Им побарав на Саудијците луди пари колку да ги „откачам“, а тие се согласија да платат

Аргентинскиот фудбалер Анхел ди Марија, откри една интересна приказна за тоа како во 2023 година еден клуб од Саудиска Арабија сакал да го ангажира во своите редови. Искусниот играч на крајот се врати во Бенфика, одбивајќи ја можноста да оди по арапските пари.

Ди Марија во еден миг сакал да ги „тестира“ можностите на клубот од таа земја, и побарал огромна сума на пари за која сметал дека ќе биде одбиен, но напротив – тие прифатиле да му дадат толку колку што побарал. На крајот, сепак, конечно ја одбил понудата.

„Добив понуда од Саудиска Арабија, и реков „не“. Потоа истиот клуб ја дуплираше понудата, и повторно ја одбив. Тогаш пријател ми рече дека треба да им кажеме нешто за да ги убедиме дека не сакаш да играш таму. Тогаш му реков дека ќе барам огромни пари за да ги „откачам“. Но, тие прифатија. Им побарав луда сума на пари и очекував да одбијат, а тие ми одговорија: „Да, нема проблем, готово“. Потоа се запрашав што ќе правам? На крајот решив да одам во Лисабон и во Бенфика. Дефинитивно ги одбив. Сето ова се случи по Светското првенство. И повторно да се појави понуда, мислам дека ќе одбијам. Навистина не ми се оди таму на крајот на кариерата“, рече Ди Марија.

Се вчитува...