Ди Марија: Многу сум среќен, и ние да освоиме еден трофеј за Меси

Анхел ди Марија ја заврши репрезентативната кариера со трофеј во Копа Америка откако Аргентина славеше во големото финале одиграно во Лас Вегас против Колумбија со 1-0.

Во последната изјава во дресот со грбот на Аргентина легендарниот фудбалер покажа голем класа и ги освои симпатиите на фудбалските фанови споменувајќи го Лионел Меси.

„Не сум среќен што Меси мораше да излезе од теренот и да го заврши натпреварот на тој начин, но и ние моравме да освоиме еден трофеј за него, да го направиме среќен. Ова беше вечерта во која му вративме за се што направи за нас“, изјави Ди Марија.

Ди Марија настапуваше за Аргентина цели 16 години во кои постигна 30 голови и забележа 29 асистенции.

Се вчитува...