Ди Марија на чекор до Јувентус

Аргентинскиот интернационалец Анхел Ди Марија во летниот преоден рок најверојатно ќе го напушти Пари Сен Жермен. Тој е пред трансфер во редовите на италијанскиот првак Јувентус. Иако има актуелен договор со „светците“ до 2019 година, сепак, клубот сака да доведе нови напаѓачки опции, а Ди Марија е на прагот на заминување.

Според „Франс Фудбал“, Аргентинецот е во преговори со раководството на Јувентус. „Старата дама“ го гледа како одлична замена за Паоло Дибала, кој би можел исто така да направи трансфер ова лето.

 

Се вчитува...