Ди Марија не доби повик во репрезентацијата и полуде: Зошто тогаш Меси е тука!?

Анхел Ди Марија не доби повик за настап во репрезентацијата на Аргентина, а објаснувањето за тоа е дека се работи за смена на генерација.

Но, Ди Марија никако не се помирува со такво објаснување, посебно забележувајќи дека само тој не добил повик од т.н „претходна генерација“.

„Ако ги гледате нештата реално, зошто Меси е тука? Зошто и Агуеро и Отаменди се тука? И тие не би требало да се повикани ако се работи за смена на генерација. Имам 32 години и сигурно може да продолжам да играм на високо ниво, токму како Нејмар и Мбапе“ – вели Ди Марија, и дополнува:

„Тешко е да се разбереш зошто не добив повик во репрезентацијата. Никогаш никој ништо не ми објасни, затоа што очигледно не сакаат. А, јас повеќе нема да молчам за се што се случува во репрезентацијата“.

Се вчитува...