Десет година помина од соработката помеѓу аргентинскиот фудбалер Анхел ди Марија и омразениот тренер. Сепак, Аргентинецот не може да ја заборави соработката.
Ди Марија не можеше да најде заеднички јазик со искусниот Луј ван Гал, со кого тренираше во Манчестер Јунајтед. Иако му недостасуваат титули во Италија и во Англија, сепак, истакнува дека на Олд Трафорд го минал најлошиот дел од кариерата, а затоа придонел и Ван Гал, кого го опишува како најлошиот тренер.
„Луј ван Гал е најлошиот тренер кој некогаш сум го имал. И нема да се уморам тоа да го повторувам“, рече Ди Марија, кој ги коментираше изјавите и на Мундијалот во Катар кога неговата селекција ја елиминираше токму селекцијата на Холандија предводена од Ван Гал.
„Ги победивме на пенали, а тој пред мечот кажа дека нема да ги победиме, затоа што знаеше се. На крајот само ги стави своите зборови во уста, или да кажам ги „изеде“ своите зборови“, рече Ди Марија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА