Аргентина неочекувано лесно и убедливо стигна до финалето на Мундијалот во Катар, а хрватските фудбалери останаа разочарани по завршниот свиреж на судијата Орсато.
И додека неговите сонародници славеа, Анхел ди Марија покажа класа и човечка големина, откако се упати кон хрватската клупа и таму го утеши Лука Модриќ.
Самиот Модриќ по големиот триумф над Бразил беше тука за зборови со утеха за ѕвездите на „кариоките“, но вечерва по поразот од Аргентина, неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид беше тука за него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА