Ди Марија пристигна во Торино, следат медицински прегледи и потпис со „Старата дама“ (ВИДЕО)

Анхел Ди Марија и официјално пристигна во Торино. Офанзивниот играч беше пречекан од 12 илјади навивачи на Јувентус кои го следеа летот на аргентинскиот репрезентативец преку радарот за пратење авиони.

Анхел Ди Марија е првото големо и звучно засилување за Јувентус ова лето, и тоа како слободен агент откако му истече договорот со ПСЖ. Искусниот 34-годишен Аргентинец вечерва слета во Торино и експресно го привлече вниманието на новинарите, кои ги прикажаа и првите слики и видеа од слетувањето на Анхел во Торино.

Ди Марија дефинитивно предизвика позитивна фудбалска треска во Торино, која ќе продолжи и утре со закажаните медицински прегледи и потписот на договорот.

 

 

 

Се вчитува...