Според италијанските медиуми, еден од најдобрите крилни играчи во последната деценија Анхел Ди Марија, ги договорил сите детали за трансфер во Јувентус и кариерата ќе ја продолжи во тимот од Торино.
За ова се зборуваше во изминатите денови, а денеска излезе информација дека сите детали се договорени и дека се очекува само официјалната промоција.
Аргентинецот во Торино ќе се пресели по завршувањето на сезоната и тоа како слободен играч. Во Јувентус ќе има плата од 7 милиони евра по сезона плус бонуси.
Исто така Јувентус е пред потпис и со Пол Погба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА