Аргентинскиот репрезентативец Анхел Ди Марија, откри дека после Копа Америка следната година ќе се повлече од репрезентацијата на „Гаучосите“.
Крилниот фудбалер има 134 натпревари за Аргентина, и има постигнато 29 гола. Годинава одличниот фудбалер се врати во Бенфика, а во минатото играше за Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, ПСЖ и Јувентус.
„Ќе ја напуштам репрезентацијата на Аргентина после Копа Америка – тоа е моја конечна одлука“, соопшти Ди Марија.
Копа Америка ќе се одржи во 2024 година, а Аргентина ќе го брани трофејот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

