Ал Наср можеби купува звучни засилувања, но тимот од Саудиска Арабија е далеку од посакуваната форма за да може да парира на врвните европски клубови. Тоа беше очигледно и на синоќешниот пријателски дуел во Португалија, на кој Бенфика го демолираше тимот на Кристијано Роналдо со 4-1.
Шоуто го украде Анхел ди Марија, кој на камбекот во португалскиот клуб блесна со перкрасен погодок, но и со овој фантастичен потег со кој Аргентинецот му подари „сомбреро“ на Кристијано, кој немаше друг избор освен на крајот да го фаулира поранешниот соиграч од Реал Мадрид.
Di Maria is showing Ronaldo how to do it hahah 😂😂😭pic.twitter.com/uf4d42FidJ
— Christian.xo (@niiodartey_) July 20, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

