Анхел ди Марија и како член на Реал Мадрид знаеше да ги тресе мрежите на Барселона, а токму Аргентинецот вечерва ги крена на нозе присутните на „Паркот на принцовите“ постигнувајќи еврогол за водство на ПСЖ. „Светците“ добија слободен удар на дваесетина метри, а Ди Марија со фантастичен удар преку Луис Суарез го матираше голманот Тер Штеген.
До неодамна навивачите го исвиркуваа Ди Марија разочарани од неговите игри, сега Аргентинецот повторно е миленик во Париз.
Angel Di Maria Goal – PSG 1-0 Barcelona – 14… by claytonashurst
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА