Навивачите на Олимпик Марсеј се незадоволни по низата на лоши резултати на клубот. Поразот од Оксер со 3-1 дополнително ги разгоре страстите па тренерот Роберто ди Зерби понуди и решение – тој да си замине од клупата.
Олимпик Марсеј забележа три порази во последните шест натпревари и во моментот е на втората позиција на табелата во Франција, но со шест бода заостанување зад ПСЖ.
„Немојте да ми говорите за второто, третото или четвртото место. Јас дојдов тука да давам, да пренесувам. Јас живеам за нешто што е поголемо од фудбал. И затоа, ако е проблемот во мене подготвен сум да заминам. Не ме интересираат парите, тоа што го барам е да бидам задоволен со својата работа. Ако кажам дека одговорноста е моја, тоа е така бидејќи јас така чувствувам“, изјави Ди Зерби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА