Лацио и Наполи одиграа фантастичен натпревар во 25. коло од италијанското првенство на кој ги поделија бодовите со по два гола во противничката мрежа за конечни 2-2.
Натпреварот го отвори Исаксен со гол во 6. минута, но само седум минути подоцна одговори Распадори за 1-1. Овој резултат остана на семафорот до полувремето пред автоголот на Марушиќ да донесе гостинска предност од 1-2.
За бодови да останат на „Стадио Олимпико“ се погрижи Диа кој во 87. минута го совлада Мерет за конечни 2-2.
Ова е трет натпревар во низа во кој Наполи не успева да победи, додека со денешното реми Лацио стави крај на серијата од две победи едно по друго.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

