Дефанзивецот на Валенсија, Муктар Диакаби доживеа една од најтешките повреди можни на фудбалските терени, поради што го очекува пауза од најмалку една година.
На дерби пресметката против Реал, Диакабе доживеа тешка повреда на коленото кое целосно се измести до тој степен што зглобот со првична хирирушка интеревенција мораше да биде враќан во првобитна состојба.
Но, очигледно е дека барем во овој момент Диакабе ги надмина ужасните мигови на кои сведочеше фудбалскиот свет, па со насмевка денеска ги изненади своите соиграчи појавувајќи се на тренингот на Валенсија.
La alegría que nos ha dado verte, @Diakhaby_5
Somos una gran FAMILIA 🤜🏽🤛🏽
¡Estamos más unidos que nunca!#ADNVCF 🦇 pic.twitter.com/tuGuWBugK2
— Valencia CF (@valenciacf) March 5, 2024
Диакаби сега го очекува нова хируршка интервенција на 7. март во Лион, за што добива огромна поддршка од своите соиграчи но и од фудбалери од целиот свет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

