Абду Диало од денеска е нов член на Борусија Дортмунд, откако „милионерите“ конечно ги финализираа преговорите со Мајнц за услугите на овој 22-годишен дефанзивец. Новиот тренер на Борусија, Лусијан Фавр, го посочи младиот Французин како приоритет за засилување на одбранбената линија, но Мајнц успеа добро да се испазари при продажбата на Диало.
На крајот, Борусија се согласи да плати 28 милиони евра за овој трансфер, со што Диало стана втор најскап фудбалер во клупската историја, зад ангажманот на Андре Шурле.
Тој е четвртото засилување на Борусија Дортмунд во овој преоден рок, по Томас Дилејни (Вердер), Мариус Волф (Ајнтрахт) и Марвин Хиц (Аугсбург).
Доаѓањето на Диало ќе значи и дефинитивно заминување на Папастатопулос, кој се наоѓа пред трансфер во Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА