Интересен натпревар се одигра во Лајпциг, каде што гостинскиот тим Реал Мадрид со победа ќе го дочека реваншот во 1/8 финалето во Лигата на шампионите.
Иако имаше многу проблеми, Реал Мaдрид стигна до предност на почетокот на вториот дел со гол на „отпишаниот“ Брахим Диаз кој постигна убав гол за предност. Меѓутоа голем придонес во победата на „кралевите“ има голманот Андреј Лунин, кој одбрани неколку обиди на домашните играчи.
Особено Украинецот ќе се памети по одбранетиот удар на Шешко во 82. минута кога Словенецот беше сам пред голот. Треба да се напомене дека Реал Мадрид претходно ја погоди и стативата, и пропушти можност за уште поубедлива победа од гостувањето во Германија.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас играше во последните 15 минути од средбата, откако влезе во игра во 75. минута на местото на Олмо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА