Во период од само пет дена Пауло Дибала повторно ја имаше улогата на херој на Јувентус, по победничкиот гол во Рим над Лацио овој голем ас блесна и во Лигата на шампионите, постигнувајќи го голот за триумф над Тотенхем и пласман на „старата дама“ меѓу најдобрите осум екипи во Европа.
Радоста беше огромна, очекувано со оглед на значајноста на голот, но и на фактот дека врвен голгетер како Дибала предолго беше без постигнат погодок во ЛШ. Поточно, 330 дена минаа од првиот четвртфинален дуел од ланската сезона против Барселона, кога младиот Аргентинец го матираше Тер Штеген.
Сезонава Дибала имаше дури 28 обиди кон противничките голови, дел од нив беа и зицери, но топката не сакаше да влезе во мрежата. Се до вечерва, кога малиот Аргентинец погоди во клучниот момент за „старата дама“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА