Дибала: „Десетката“ на Јувентус е голема привилегија и обврска

Аргентинскиот интернаци0налец Пауло Дибала и дефинитивно ќе остане член на Јувентус, откако ја доби легендарната „десетка“ за претстојната сезона во Серија А и во Лигата на шампионите. За него се интересираа Барселона и Реал Мадрид, но „старата дама“ сепак успеа да го задржи во своите редови и му ја укажа честа да го носи дресот што порано беше сопственост на Мишел Платини, Алесандро Дел Пјеро.

„Ова е голема чест за мене, привилегија што не се опишува, но и огромна обврска. Знаеме какви врвни фудбалери во минатото ја носеа „десетката“ на Јувентус. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на клубот и на навивачите“, изјави Дибала.

Се вчитува...