Дибала е „фит“, ќе биде стартер на „Камп ноу“

Пауло Дибала ќе биде подготвен да го предводи Јувентус и на реванш-натпреварот од Лигата на шампионите против Барселона в среда, откако аргентинскиот репрезентативец почна да тренира со остатокот од екипата. Само за потсетување, Дибала постигна два гола на првиот меч со Барса, но потоа се повреди за време на саботната пресметка со Пескара во рамките од Серија А.

Стануваше збор за ситна повреда на скочниот зглоб што лекарскиот тим на „старата дама“ експресно ја санираше, па Дибала веќе му се стави на располагање на Алегри и нема никакви дилеми дека тој ќе стартува крај Игуаин и Манџукиќ во нападот на Јуве и за реваншот на „Камп ноу“.

Алегри има само една дилема со составот, дали повторно да тргне со Квадрадо во една ултра-офанзивна формација како што беше случај на првиот меч, или да го згусне средниот ред со Маркизио.

Се вчитува...