Дибала ги одби милионите од С.Арабија, па навивачи му дојдоа пред домот (ВИДЕО)

Пауло Дибала го направи она што повеќето фудбалери не би го направиле. Тој одбил најмалку 75 милиони евра, кои би ги добил за три години од Саудиска Ал Кадсија, за да остане во Рома за 11 милиони евра бруто до крајот на сезоната и договорот. Но, наведената сума во Италија би се добивала вкупно, со плата и максимални бонуси и помал данок. Од друга страна, во Арабија му понудија 25 милиони евра годишно само за плата, без премии и бонуси.

Дибала најпрво ја прифати одличната понуда, но вчера се случи пресврт. Саудијците понудија на Рома три милиони евра, односно помалку од 12 милиони евра кои стојат во клаузулата на договорот. Меѓутоа Рома ја прифати понудата и Дибала веќе се поздрави со соиграчите.

Преговорите запнале вчера кога Дибала и дефинитивно одлучил да остане во Рома, и покрај тоа што ќе нема загарантирано место во тимот.

Кога фановите слушнале што одлучил Дибала, среде ноќ се преполниле пред неговата куќа во Рим, скандирајќи го и славејќи го. Дибала потоа излезе во дворот и ги поздрави, што секако уште повеќе ги полуде од среќа.

Се вчитува...