Дибала ги одби Саудиците па порача: Не е се во парите

Паоло Дибала ова лето беше блиску до заминување од Рома и премин во Саудиска Арабија од каде што имаше богата понуда вредна 75 милиони евра за три сезони.

Аргентинецот сепак ја одби понудата и ја продолжи верноста кон Рома на големо задоволство на навивачите на „волчицата“. Тој сега ја откри причината за овој потег велејќи дека не е се во парите.

„Сите прашувааат за парите. Јас ставив се на маса и пресудија фамилијата, сопругата, градот, тимот и желбата да се вратам во националниот тим. Имам 30 години се чувствувам добро. Знам дека многумина ме критикуваат поради повредата, но се трудам да водам смека за сам себе“, вели Дибала.

Се вчитува...