Дибала го одбра Интер, потпишува на 3+1 година

Аргентинскиот напаѓач Пауло Дибала наскоро ќе потпише за Интер. Италијанската „Газета“ пишува дека Дибала веќе го одбрал Интер како следен клуб, и по враќањето од одмор официјално ќе го потпише договорот.

Платата на Дибала во новиот клуб ќе изнесува шест милиони евра плус еден милион низ бонуси. Договорот ќе биде на три години, со опција да биде продолжен на уште една.

Дибала во минатата сезона на 38 меча запиша 15 гиола и шест асистенции.

Исто така Интер преговара и за враќање на Ромелу Лукаку од Челси. Тоа би значело заминување на Лаутаро Мартинез. Токму Лаутаро може да биде искористен за враќање на Белгиецот, односно Мартинез да замине во Челси.

Се вчитува...