Дибала им кажа „не“ на Саудиците

Аргентинскиот фудбалер Паоло Дибала останува во плановите на Рома за престојната сезона и шансите за негово заминување од главниот град на Италија се сведени на минимум, поготово доколку се земе во обѕир фактот дека и самиот тој е презадоволен во „волчицата“.

Поради тоа тој веќе одбил две богати понуди од Саудиска Арабија, пренесуваат италијанските медиуми. Имињата на двата заинтересирани клуба остануваат непознати, но познато е дека Саудиците му понудиле по 15 милиони евра по сезона, сума која е далеку повисока од сегашните примања.

Дибала е дел од Рома од 2022 година. Досега настапи на повеќе од 50 натпревари и се наметна како незаменлив дел од тимот кој и во новата сезона ќе биде предводен од легендата на овој клуб, Даниеле де Роси.

Се вчитува...