Само неколку дена откако во финишот стигна до бод на „Сан Сиро“ против Милан, Рома денеска се пласираше во 1/4 финалето во Купот на Италија. Избраниците на Жозе Мурињо потешко од очекувањата стигнаа до победа над второлигашот Џенова со 1-0.
Херој на дуелот беше Пауло Дибала кој во 64. минута го постигна единствениот гол на натпреварот, доволен за пласман во следната фаза.
Наполи во 1/4 финалето го чека подобриот од дуелот Наполи – Кремонезе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА