Дибала ја реши судбината, Аргентинецот одлучи каде ќе ја продолжи кариерата?

Нема повеќе дилема, Пауло Дибала постигна договор со Јувентус. Месечните преговори, сомнежите, преселбата во други клубови сега се зад нас, враќањето на Алегри влијаеше на статусот на Дибала, но и на позицијата на Јувентус.

Според медиумите од Торино, Аргентинецот останува во клубот, а новиот договор се очекува да биде потпишан до 2026 година. Тој пристигна во 2015 година од Палермо, неговата цел е да биде странец со најдолг стаж во Јувентус, да го собори рекордот на Давид Трезеге.

Пауло ќе го добие најголемиот договор во Серија А. Според договорот, тоа се 10 милиони евра плус бонуси, што е некаде во границите на она што тој го посакуваше. Ањели веќе изјави дека покрај тоа што ќе биде најплатениот играч во Италија, Дибала ќе биде и меѓу дваесетте најплатени играчи во светот.

Аргентинецот е проектиран како нов капитен и предводник на Јувентус и човекот околу кого Алегри ќе собере млади играчи во наредните години, бидејќи тимот на Јувентус сигурно го чека реконструкција.

Се вчитува...