Дибала ќе биде „подарокот“ на Манчестер Јунајтед за Тен Хаг

Играчкиот ремонт во Манчестер Јунајтед е неизбежен по оваа катастрофална сезона, а на новиот стратег Ерик тен Хаг му е јасно дека ќе мора да ангажира голем број на нови засилувања за да го крене квалитетот на игра и „црвените ѓаволи“ повторно да се борат за највисок пласман.

Најголем „ремонт“ се очекува во навалната линија, Кавани си оди како слободен играч, Рашфорд бара трансфер и ќе биде продаден бидејќи има само уште 12 месеци од договорот, на излезна врата е и Марсијал, а неизвесна е судбината и на Кристијано Роналдо. Во една таква ситуација, приоритет ќе биде ангажман на најмалку тројца офанзивни фудбалери, од кои едниот се најавува дека ќе биде Пауло Дибала.

Како што јавува „Газета дело спорт“, Дибала не бил дел од плановите на Јунајтед, но ситуацијата се променила по потписот на Тен Хаг. Холанѓанецот сака да го види аргентинскиот велемајстор во својот тим, голем плус е што тој би пристигнал како слободен играч од Јувентус, па Јунајтед може уште сега да потпише преддоговор со него и да го обезбеди доаѓањето на Дибала на „Олд Трафорд“. Овој фудбалер претходно беше поврзуван со Интер и со Милан, но понудата на „црвените ѓаволи“ е далеку повисока од онаа на италијанските клубови.

Манчестер Јунајтед нема да остане само на Дибала, најавено е доаѓање и на еден класичен голгетер, место за кое се преговара со Осимен од Наполи и со Дарвин Нуњез од Бенфика.

Се вчитува...