Аргентинскиот репрезентативец Пауло Дибала е пред потпис со англискиот гигант, Манчестер Јунајтед. Од редовите на Јувентус се заинтересирани за Ромелу Лукаку, кој во Торино би требало да дое во замена за Дибала, кој не е задоволен од улогата во тимот по доаѓањето на Кристијано Роналдо.
Дибала на „Олд трафорд“ ќе заработува 350,000 фунти неделно, со што ќе биде втор најплатен фудбалер на Островото, по Алексис Санчез кој заработува 400.000 фунти неделно. Дибала утре се враќа од одмор по што ќе се сретне со Маурицио Сари каде ќе се разговара за неговата иднина.
Младиот Аргентинец во Јувентус пристигна во 2015 година од редовите на Палермо. Тој за италијанскиот шампион запиша 128 натпревари на кои постигна 57 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА