Јувентус со сомнителен пенал досуден во 95. минута успеа да го скрши отпорот на Милан и да слави во дерби натпреварот од Калчо-лигата, а стрелецот на голот, Пауло Дибала, смета дека „росонерите“ немаат за што да се жалат на оваа средба.
„Шест години ги слушам играчите на Милан како се жалат за Јувентус, можеби е време да се обидат се поинаков метод, да бидат подобри од нас на теренот. Дали некој кажа нешто за пеналот на Запата врз мене во првото полувреме. Во Удинезе не ни беа досудени два пенали, па никој од нас не речи ниту еден збор. Ова ми беше навистина тежок пенал за изведување, особено откако го промашив оној против Донарума на супер-купот во Доха. За среќа, погодив и нормално дека радоста беше огромна“ – истакна Дибала.
Аргентинецот се уште нема потпишано нов договор, повторно се појавуваат шпекулации што го поврзуваат со Реал Мадрид и Барселона, но Дибала воопшто не размислува на оваа тема.
„Смирен сум бидејќи го дадов својот збор на Јувентус. Остануваат уште некои ситни детали за се да биде средено, затоа и воопшто не се осврнувам на новинарските шпекулации околу мојот следен трансфер“ – изјави Пауло Дибала.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА