Паоло Дибала нема да го продолжи договорот со Јувентус каде како главната пречка за истото се примањата. Аргентинецот бара 10 милиони евра годишно, а „старата дама“ е подготвена да издвои „само“ 7.5 милиони па јасно е дека оној кој ќе издвои најмногу парични средства ќе го добие и голгетерот.
Во тој поглед како прва опција се јави Интер, но последните информации од Италија велат дека Аргентинецот премногу ги цени годините поминати во редовите на Јувентус за ваков вид на „предавство“.
Притоа 28-годишникот има само еден клуб на ум – Манчестер Сити, кој не само што може да му ги исполни финансиските барања, туку може да му ги исполни и амбициите за освојување на Лигата на Шампионите. Во потрага по напаѓач се и самите „граѓани“ па веројатноста да се оствари трансферот е голема.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА