Пауло Дибала им порача на ривалите дека Јувентус не се откажува од трката за скудетото без оглед на променливите игри и резултати во првиот дел од сезоната.
„Старата дама“ моментно се наоѓа на четвртото место на табелата со седум бода заостанување зад водечките Наполи и Милан, но аргентинскиот голгетер верува во својот тим.
„Се уште има многу натпревари за играње, а видовме дека секој ривал може да се лизне и да остави простор за останатите. Јас верувам во скудетото, никој не треба да го отпише Јувентус. Впрочем, и дербито со Интер го играме на домашен терен, тоа ни е шанса да ја намалиме разликата со овој ривал“, истакна Дибала.
Аргентинецот ги надмина проблемите со повредата поради која ги пропушти последните средби на Јуве, па се очекува да се појави во тимот за неделниот дуел со Специја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА