Дибала: Не знаев дали да го прифатам дресот со број 10!

Аргентина го победи Чиле со 3-0 во квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026, а Пауло Дибала постигна гол во враќањето во репрезентацијата во дресот со број 10.

Дибала влезе од клупата и постигна гол за 3-0 носејќи го дресот со број 10 на Меси.

„Навистина е спектакуларно чувството да се вратам и да бидам заедно со моите соиграчи и навивачи кои ни беа голема поддршка. Техничкиот штаб ја донесе таа одлука. Некои од момците рекоа дека треба да го земам тој дрес, но не знаев дали да го прифатам, тој дрес носи голема одговорност. И јас мислев дека нема да се вратам, но се вратив и играв. А кога го носиш овој дрес, тогаш треба да дадеш се што имаш“, изјави Дибала по натпреварот.

Се вчитува...