Јувентус остана без трофејот од Суперкупот на отворањето на новата сезона во Италија по поразот од Лацио од 2-3.
Пауло Дибала постигна два гола за „Старата дама“, но не успеа да го спаси својот тим од пораз…
„Игравме така што заслуживме порез, а Лацио победа, дури и во моментите кога израмнивме. Навистина не бевме добри на овој натпревар. Мора да го промениме ставот. Ова е Јувентус и тоа сите го знаеме. А Јувентус мора секогаш да биде најдобар. Мора што побрзо да се вратиме на победите“ – вели Дибала и дополнува:
„Лично не може да бидам задоволен како одиграв, и покрај двата постигнати гола. Не играв добро и ќе мора оваа недела да работам напорно како би бил подготвен за Каљари“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА