Дибала од недела се враќа во Торино – „Старата дама“ ќе го пречека со нов договор на маса

Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала ќе се врати во Торино во недела и ќе започне со пред-сезонски тренинзи во неговиот клуб. Заедно со него во Торино ќе пристигне и неговиот агент Хорхе Антун, кој ќе има средби со челниците на „Старата дама“, а на кои ќе се разговара за иднината на Аргентинецот.

Дибала играше скромна сезона 2020/21, сите негови изјави беа поврзани со можни трансфери, а тој често беше отсутен и повреден. Се појавија гласини дека може да се продаде уште летово. Сепак, според последните информации на „Кориере дело Спорт“, се очекува 27-годишниот напаѓач да добие понуда од Јуве за нов договор и продолжување на меѓусебната соработка.

Желбата на Дибала е да остане во редовите на Јувентус, па се очекува двете страни да постигнат договор и да ги прецизираат сите услови за нов договор. Според некои информации, Јувентус подготвил нов петгодишен договор со плата од 10 милиони евра, плус бонуси. Се претпоставува дека оваа понуда ќе ги задоволи Аргентинецот и неговиот менаџер.

Се вчитува...