Дибала подготви тужба, си ги бара парите од Јувентус

Пауло Дибала минатото лето го напушти како слободен играч Јувентус и се пресели во Рома, но аргентинскиот голгетер се уште ги нема добиено сите пари што му ги должат „црно-белите“ од Торино.

Тој неодамна обелодени дека сумата е милионска, заканувајќи се дека Јувентус има еден месец да му ги исплати парите, или целиот случај ќе добие судска завршница.

„Јувентус ми должи 3,7 милиони евра. Тоа се заостанати плати од 2021 година. Разговараме во празно, последниот рок што им го дадов е до април 2023 година. Доколку целата сума не ми биде исплатена, ќе мора адвокатите да го решат проблемот. Не сакав да одам преку суд, цело време се обидувам да ја избегнам таа опција, но веќе немам избор“, изјави Дибала.

Челниците на Јувентус неколку пати испраќаа барање до Аргентинецот да прости барем дел од долгот, но ставот на Дибала дефинитивно е јасен – целосна исплата или тужба.

Се вчитува...