Пауло Дибала и дефинитивно уште долго ќе го носи дресот на Јувентус откако аргентинскиот репрезентативец потпиша нов долгогодишен договор со „старата дама“. Преговорите за продолжување на соработката траеја неколку месеци, за денеска и официјално да биде потпишан новиот договор, со важност до 2022 година.
„Неполни 48 часа по двата гола на дуелто со Барселона, Пауло Дибала повторно ги израдува нашите навивачи потпишувајќи нов договор. Благодарение на одличната работа и разговорите на директорот Џузепе Марота со агентот на фудбалерот, Пјерпаоло Триулци, беше ставен потпис на новиот договор до 2022 година“ – потврдија од раководството на Јувентус.
Со новиот договор, платата на Дибала ќе изнесува 7,5 милиони евра по сезона, со што младиот Аргентинец станува втор најплатен фудбалер во Јувентус, зад Гонзало Игуаин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА