Пауло Дибала го напушта Јувентус во летниот преоден рок. Како што тврдат шпанските медиуми, Аргентинецот во трансфер вреден 150 милиони евра од следната сезона ќе го носи дресот на Атлетико Мадрид.
Дибала претходно се поврзуваше со Реал Мадрид и Барселона, но сега тврдењата се категорични дека од јуни ќе биде нов член на „јорганџиите“.
Во Атлетико пристигнува како замена за Антоин Гризман кој, пак, ќе го облече дресот на Барселона. Според пишувањата, останува уште Јувентус да каже „да“ за целокупниот трансфер. Но и тоа, според извори блиски до Атлетико Мадрид, е веќе договорена работа.
Пауло Дибала во Атлетико ќе има годишна плата од околу 10 милиони евра. Во Јувентус е од 2015 година каде пристигна од Палермо. За „црно-белите“ одигра 129 натпревари постигнувајќи и 63 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА