Довчерашниот вардаров ракометар Тимур Дибиров дебитираше за својот нов клуб, хрватскиот ППД Загреб во победата од 24-23 против новосадска Војводина во четвртфиналето од СЕХА-лигата.
На тој начин, ППД Загреб е вториот учесник на Ф4-турнирот од СЕХА лига, по унгарски Веспрем.
Хрватите прописно се намачија за триумф над Војводина, доаѓајќи до победата со голот на Срна во последните секунди од мечот. Претходно ППД Загреб имаше предност од 16-12 на полувремето, но сето тоа беше доведено до неизвесна завршница.
Иван Чупиќ беше најефикасен кај загрепчани со шест гола, а Дибиров мечот го заврши со четири постигнати погодоци.
Во последните два четвртфинални дуели, во битката за Ф4, Вардар на 23. август го пречекува Нексе, а Еурофарм Пелистер на 25. август ќе игра со Брест Мешков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА