Дибиров: Двата порази ништо не значат, утре ќе се види вистинската сила

ЕКИПА во Брест,

Катерина Павлова Николовска

Ракометарите на Вардар полни со оптимизам го очекуваат утрешниот почеток на фајналфор турнирот од СЕХА-лигата. Во полуфиналето „црвено-црните“ за противник ќе го имаат домаќинот Брест Мешков од кого веќе претрпеа два порази во регуларниот дел од сезоната. Сепак, на првиот меч во Белорусија „црвено-црните“ настапија со крајно подмладен состав, додека дуелот во Скопје беше од многу поголемо значење за гостите отколку за „вардарци“.

„Тие два порази не значат ништо бидејќи низ сезоната сите екипи настапуваа со шарени состави, мораа да се прилагодуваат на термините бидејќи играа и во ЛШ. Сега ќе ја видиме вистинската сила на четирите најдобри тимови во СЕХА. Ние сме подготвени, имаме енергија бидејќи ниту еден ракометар не одигра повеќе од 30-35 минути на реваншот со Загреб. Нема да биде лесно, два меча за два дена, но целта на Вардар секогаш е иста – победа на секој меч без оглед на името на противникот. Сакаме трофејот што подолго да остане во Скопје“ – истакна Тимур Дибиров.

Во второто полуфинале од СЕХА-лигата силите ќе ги одмерат хрватските ривали Нексе и Загреб.

 

Се вчитува...