Дибиров и Борко го одведоа Вардар до тешка победа над Нексе

Со победа од еден гол разлика, Вардар ќе го очекува возвратниот натпревар од четвртфиналето во ракометната СЕХА лига откако забележа гостинска победа во Нашице над Нексе од 30-31. До триумфот, Вардар дојде во завршните десетина минути од средбата кога успеа да се врати од негатива од четири гола, да обезбеди минимална предност, дури во еден момент и максимални два гола пoзитива, а во драматичниот финиш се извлече до минимална победа бидејќи во последните секунди Борко Ристовски го одбрани ударот на домашниот тим за израмнет конечен резултат.

Во првото полувреме Вардар одигра особено слаби дваесетина минути во кои исклучително лошата одбрана дозволи Нексе да има во неколку наврати и максимални три гола предност. Првпат до плус три Нексе дојде веќе во десеттата минута, пота имаше и 8-5 и 13-10 во 20-та минута. Оттогаш, Вардар успеа да биде за нијанса подобар, имаше серија од 0-3, израмни на 13-13 на три минути пред крајот од полувремето, а на паузата беше 15-15. Дебитантот во натпреварувањето, голманот Борко Ристовски во 22 минута ја имаше првата одбрана, потоа врза уште две одбрани до крајот од воведните 30 минути.

Тимур Дибиров постигна 12 гола од 12 обиди и беше клучен за победата на Вардар, Сташ Скубе постигна шест гола, по четири имаа Сергеј Горбок и Данил Шишкарев. Реваншот на кој Вардар треба да го завери деветтиот настап на Ф4 турнирите во СЕХА ќе биде одигран по една седмица во Скопје.

 

Се вчитува...