Со повлекувањето на Веспрем тимот на Вардар стана неприкосновен во СЕХА-лигата, па „црвено-црните“ по серијата победи неслучајно се редовни учесници и во идеалните тимови на ова натпреварување.
Исклучок не е ниту дрим-тимот за месец октомври, во кој Раул Гонзалес е избран за тренер на месецот, додека Тимур Дибиров е најдобро лево крило во СЕХА. Рускиот интернационалец го заслужи овој епитет со одличните изданија против Целје и Загреб, натпревари на кои постигна по шест погодоци, додека за изборот на Раул нема никакви дилеми, Шпанецот на моменти и ги ротира играчите во регионалното натпреварување, но тоа воопшто нема влијание врз резултатите на „вардарци“ се убедливо први на табелата.
Покрај двајцата членови на Вардар, дел од дрим-тимот за месецот што изминува се уште и голманот на Горење, Клемен Ферлин, десното крило на Татран Прешов, Бруно Буторац, пивотот Марин Шипиќ од Нексе, како и бековите Игропуло (Брест Мешков), Митровиќ (Целје) и Мандалиниќ (Загреб).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА