Тимур Дибиров и Халил Јагањац се избрани во идеалниот тим на четвртото коло од Лигата на шампионите по одличните настапи што ракометарите на Вардар и на Металург ги имаа против Рајн-Некар Левен, односно Силкеборг.
Русинот одигра извонредно на дуелот со германскиот гигант, постигнувајќи осум гола и беше избран за играч на натпреварот, по што следеше и изборот за најдобро лево крило изминатиот викенд на терените о Лигата на шампионите. Јагањац постигна десет гола на гостувањето во Данска, Металург го загуби овој меч, но младиот Хрват сепак се најде во избраното друштво.
За најдобар голман е избран Гонзало Перез де Варгас од Барселона, најдобриот пивот доаѓа од Загреб – Сењамин Буриќ, најдобро десно крило е Морито од Кјелце, десен бек – Магнус Род од Фленсбург, додека најдобар среден бек во четвртото коло од Лигата на шампионите е ветеранот на Скјерн, Томас Могенсен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА