Дибиров: Имаме Бундес-лига ритам… Може да продолжиме да плачеме, само да го победиме Алборг

Ракометарите на Вардар ќе го пречекаат дански Алборг во 3. коло од новата сезона во Лигата на шампионите.

Крилото на „црвено-црните“ Тимур Дибиров вели дека иако имаат тежок распоред во Бундеслига ритам, атмосферата во тимот е одлична по победите над Мешков и Пелистер.

„Има добра атмосфера во екипата по победите над Мешков и Пелистер, но мора да разберете дека нам не нѐ интересира што било туку што ќе биде. Ние сме во таков ритам, со многу натпревари, па не можеме да направиме добар тренинг. А ние со еден состав играме во ЛШ, со друг во македонско првенство. Еве денеска е малку порелаксиран ден, играчите кои игравме со Еурофарм Пелистер малку ќе одмориме, ќе одработиме тактички тренинг. Овој ритам е ритам од Бундеслигата. Ние нека продолжиме да плачеме, само да победиме против Алборг. Јас мислам дека секоја екипа има слабост, дури и ваква како Алборг. Тие се противник од типот на Елверум, многу трчаат имаат силно темпо. Е наша задача ќе биде да ги извадиме од ритам, од таа нивна комфорна зона, да мора да ги запреме, да ги натераме да играат без топка. Тоа е како во боксот, оној што знае да се адаптира на противникот има предност.“, изјави Дибиров.

Натпреварот меѓу Вардар и Алборг кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје е закажан за утре со почеток во 18.45 часот.

Се вчитува...