Ракометарите на Вардар в четврток ќе му гостуваат на унгарскиот Пик Сегед во натпревар од 7. коло во Лигата на шампионите. Вардарци се наоѓаат во криза во елитното натпреварување откако на последните три натпревари пред паузата беа три пати поразени.
Крилото на „црвено-црните“, Тимур Дибиров вели дека во Унгарија не одат со бело знаме и дека цел е победа.
„Мислам дека ќе биде тежок натпревар, но сакаме да дојдеме до победа. Ни недостигаат бодови. Очекувам машки натпревар и многу сериозен. Ќе биде тешко, но не сакаме да отидеме таму со „бело знаме“. Затоа одиме на победа“, изјави Дибиров.
Натпреварот кој ќе се игра в четврток во Сегедин е закажан за 18.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА