Вардар во текот на вчерашниот ден еуфорично го прославуваше историскиот успех и освоената Лига на шампиони, а „црвено-црните“ денеска ќе ја комплетираат својата перфектна сезона, освојувајќи го четвртиот пехар во четвртото натпреварување во кое учествуваат. По СЕХА-лигата, Купот на Македонија и Лигата на шампионите, „вардарци“ денеска во Велес му гостуваат на тимот на Борец, каде победа ќе значи и нова шампионска титула за најтрофејниот македонски кошаркарски колектив.
„Пред почетокот на сезонава храбро изјавив дека ќе освоиме четири титули, искрено верувајќи во квалитетите на нашиот тим. Тогаш сите ми се смееја, но токму затоа сега задоволството ми е толку големо. Работевме напорно цела година, минавме бројни предизвици и сега ни останува само уште да ја освоиме домашната титула за да ми се исполни желбата, со четири трофеи да ја завршиме оваа сезона“ – изјави Дибиров.
„Вардарци“ денеска во 17 часот му гостуваат на Борец во Велес, по што прославата на шампионската титула ќе се одржи во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 21 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА