ЕКИПА во Келн,
Стеван Цаневски
Руските репрезентативци пристигнаа од Берлин во Келн, разочарани што по големата битка со Франција и водството во поголемиот дел од натпреварот на крајот сепак загубија од актуелниот светски првак со гол во последната минута. Тимур Дибиров, кој го заврши мечот без ниту еден постигат погодок против „триколорите“, открива и дека „зборнаја“ најверојатно утрешниот дуел со Македонија ќе го игра со дел од резервните ракометари на теренот.
„Мислам дека е време оние кои играа помалку на ова првенство сега да се појават во тимот против Македонија. Разочарани сме бидејќи игравме добар ракомет, а не се пласиравме во следната рунда. И против Франција изгледавме одлично, заслуживме најмалку еден бод, но најверојатно поради недостиг на искуство повторно останавме со празни раце како против Германија“ – изјави Тимур Дибиров за руските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА